Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Беким Сали предложен за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за министер животна средина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Беким Сали предложен за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за министер животна средина
ПОЛИТИКА

Беким Сали предложен за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за министер животна средина

Објавено December 1, 2025 16:46
Сподели
Сподели

Актуелниот пратеник Беким Сали е предложен за нов вицепремиер задолжен и за Министерството за европски прашања, а Мухамед Хоџа за министер за животна средина во македонската Влада. Ова е предлогот кој денеска попладне произлезе од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и кој беше упатен до македонското Собрание на усвојување, а што ВЕЧЕР неофицијално го дознава од владините извори. Изборот на новите членови на Владата на некоја следна пратеничката седница треба допрва да се закаже.

Со ваквиот предлог практично ќе се пополнат две упразнети позиции настанати со заминувањето на доскорешниот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити за градоначалник на скопската општина Чаир. Тоа, истовремено, е резултат на повеќедневните разговори меѓу премиерот Мицкоски со лидерите на коалицијата Вреди кои опфаќаа и евентуални промени во други ресори.

Од македонското Собрание за медиумите потврдија дека предлогот за промени во Владата е пристигнат во Собранието но не ги соопштија имињата.

-Пристигнат е предлогот на Владата за нови министри. На прва наредна седница треба да се стави разрешувањето на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, додека за избор на нови министри нема пропишан рок во деловникот. За тоа дополнително ќе се одлучи – информираа денеска од македонското Собрание.

Дали ќе има промена во ресорот здравство но и другите ќе се знае по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ закажан за 6 декември во Кавадарци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Концерт на Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски“
Следна Статија Имал закажано операција: Газдата на „Дурмо Турс“ побарал одложување на затворската казна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Еве како работат кујните на ДПМНЕ, ова е нивно разоткривање

Денеска СДСМ целосно ги разоткри кујните на ВМРО-ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации со кои системски се одвлекува вниманието…

December 13, 2025
ПОЛИТИКА

Трајчулески: Власта мора да ги соопшти сите детали за најавеното задолжување од 6 милијарди евра од Британија

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во вестите на „Сител“ телевизија истакна дека за стратешкиот договор со Велика Британија има два…

May 22, 2025
ПОЛИТИКА

Фаризи: Таравари како “Леси ќе се врати дома” по локалните

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, во соноќешната „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека не е убеден дека одлуката на Алијанса…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?