Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал во мечот за третото место на егзибицијата во Ријад.
Новак Ѓоковиќ победи со 6:2, 7:6 (5) за утешно трето место, додека во финалето во сабота навечер ќе се сретнат Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Двајцата се сретнаа 60 пати на теренот на АТП турнејата и на најголемите турнири, Новак има 31 победа, додека Рафа има 29 и по две децении кариера во ноември се збогува со Дејвис купот.
Тој и Новак сега го одиграа последниот натпревар меѓу себе, овој нема да влезе во статистиката, но сепак ќе влезе реакцијата на двајцата играчи.
Знаат дека по оваа година повеќе нема да се сретнат на терените ширум светот, па во Ријад малку разговараа и долго се гушкаа насмеани, а потоа Ѓоковиќ го повика Рафа да не го напушта тенисот.
6/2 7/6 🐐
Enjoy your retirement Rafa pic.twitter.com/a60MNQEaLu
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) October 19, 2024
Штета што вакви сцени повеќе нема да постојат во тенисот и што се ближи моментот кога комплетната „голема тројка“ ќе се повлече од тенисот.
Новак и понатаму одолева, верува и чувствува дека може да игра на високо ниво, но самиот вели дека е многу поблиску до крајот на кариерата отколку што изгледаше лани кога зема три Грен слем.