Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
ХРОНИКА

Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација

Објавено March 14, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и остатоците од починатите лица ги фрлало на друга локација, соопшти СВР Штип.

Според информациите од ОВР Берово, пред два дена, на местото викано „Црвени брегови“, во атарот на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги како фрла и закопува човечки остатоци на градежна депонија. По добиената пријава, во координација со јавен обвинител, бил извршен детален претрес на локацијата со механизација од Јавното комунално претпријатие. Првичните резултати не откриле докази за кривично дело, но биле пронајдени градежен шут и отпад.

Сепак, по дополнителна истрага, полицијата дошла до сознание дека истиот извршител во повеќе наврати вршел ископ на стари гробови и остатоците од починатите ги префрлал на друга локација.

Подоцна бил извршен увид и на гробиштата во селото Смојмирово, каде на јужната удолница биле пронајдени пет коски што наликуваат на човечки.

По целосно расчистување и документирање на случајот, надлежните ќе поднесат соодветна пријава против одговорните лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ ќе поднесе кривична пријава за пратеничката Салиу-Фетаи поради кршење на Деловникот и правата на пратениците
Следна Статија Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Вработена во Ургентен центар нападната од колега

На 25.06.2025 во 18:00 часот во СВР Скопје С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка…

June 26, 2025
ХРОНИКА

Пожар во стан во Аеродром на Велигден, татко и син завршија во болница

На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар…

April 21, 2025
ХРОНИКА

Таткото на Вања: Бев зависник од хероин, но не сум употребувал шприцеви

Сум слушнал за Палчо, но како за Упа. Лично го немам видено. Не знаев ни како изгледа, се изјасни на…

April 11, 2025
ХРОНИКА

Семејството на Фросина се заблагодари до Пандов: „Ја враќате вербата дека државата конечно функционира“

Семејството на Фросина Кулакова која загина на пешачки премин на булеварот Партизански одреди пред пет дена, се заблагодари на раководството…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?