ГИ ПОКАЖА ИЗВАЈАНИТЕ НОЗЕ: Лепа Брена осамна на насловна на „Вог“ (ФОТО)

- Advertisement -

Балканската ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на балканското издание на модниот магазин Vogue, Vogue Adria.

За познатото списание таа даде и интервју, дополнето со впечатлива фотосесија, а фотографиите се толку моќни што оставаат без здив, коментираат читателите.

Брена позира во авион, на јахта, ја покажува својата еластичност на 64 години. Фотографирана е во облека која потсетува на нејзиниот албум и на песната „Ајде да се сакаме“, како танцува со полугол маж, додека е на масажа или на третмани за убавина.

– На помладата верзија на Брена би ѝ кажала дека животот е фантастичен, но и дека сè има своја цена – изјави пејачката за познатиот магазин.

Таа раскажува дека и требале многу сила и мудрост да остане ничија и смета дека тоа е нејзиниот најголем успех.

Сподели ја оваа статија