Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

Објавено June 10, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност на Република Македонија што ја направил Државниот завод за ревизија.

ДРЗ контатирал дека било извршено бришење од сметководствената евиденцијата на расходуваните движни ствари по попис, без одлука на Владата и без спроведување на постапка за нивно отстранување, како и оти исплата на плата на дел од вработените се врши за не полно работно време и применета пониска стапка при пресметка на надоместокот при спреченост на работа (боледување).

Во Извештајот се констатира дека се направени расходи без поткрепувачка документација и набавки на стоки и услуги без спроведување постапка за јавна набавка над законски вредоносно утврдениот праг.

Нотирана е и потребата од уредување на платата и надоместоците на избраните и именувани лица од Собранието, претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата со закон, потребата платата на вработените во Комисијата да биде уредена со закон или со Колективен договор и преземање активности за изменување и дополнување на регулативата – подзаконски акти, со кои ќе обезбеди доследно почитување на сметководственото начело на „модифицирано настанување на деловните промени, односно трансакции“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пет лица се убиени во пукотница во училиште во Грац, објави „Кронен цајтунг“
Следна Статија ВИДЕО: Запуштена хала на Македонски Железници Транспорт доби нов лик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Во Службен весник денеска е објавен оглас за избор на кандидати од Република Македонија за судија во Европскиот суд за…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Jане Сандански го почнал Илинденско востание на Крстовден

Во свеста на голем број Македонци, вградена е претставата дека Илинденското востание траело десетина дена, колку што траела и Крушевската…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Министерот за внатрешни работи Тошковски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на измами преку „онлајн“ пирамидални шеми како „Конти“.Говорејќи за…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова оствари средба со Орбан: Унгарија останува силен поддржувач на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку оствари средба со премиерот…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?