Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција

Објавено February 14, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од денес и во наредните неколку дена ќе присуствува во Сојузна Република Германија на Минхенската безбедносна конференција.

61 Минхенска конференција се одржува од 14 до 16 февруари каде ќе овозможи висок дијалог за клучните надворешни и безбедносни предизвици кои се актуелни прашања на политичките лидери.

На конференцијата ќе присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.

За време на Конференцијата премиерот Мицкоски се очекува да има средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со претседавачот на Минхенската конференција амбасадорот Кристоф Хојгенс, со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и други политички лидери.

Претседателот на македонската Влада, Мицкоски ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западниот Балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.

Мицкоски ќе ја искористи приликата за лобирање и прикажување на реалната слика од пристапните преговори на државата во поглед на европските перспективи, како и план за развој и економски достигнувања како дел од напорите за економски прогрес и сигурност на граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Мисајловски од Брисел по предлогот на Трамп: Тешко ќе се стигне до 5% од БДП за одбраната, но…
Следна Статија СВ.ВАЛЕНТИН: Дали знаете зошто се прославува Денот на вљубените?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина: „Која точно порака треба да ја сфатиме од несобирањето на ѓубрето и за што точно сме казнети?“

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина во објава на Фејсбук реагираше за несобирањето на отпадот низ Скопје и која точно порака треба…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава

Бројката на хоспитализирани лица кои изгореа во пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 - 170 заедно со 16-те примени…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Осми март го наполни Охрид со гости

Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол од нашето соседство кои допатуваа за тука…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе…

August 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?