Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава против Фрчкоски – злоупотребил буџетски средства во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кривична пријава против Фрчкоски – злоупотребил буџетски средства во САД
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против Фрчкоски – злоупотребил буџетски средства во САД

Објавено May 13, 2025 10:50
Сподели
Сподели

Поранешниот шеф на Шеф на Постојаната Мисија на Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, заедно со уште три лица, е осомничен за злоупотреби во службата. Против него и против останатите, вчера, е поднесена кривична пријава, според која се сомничат дека сториле кривично дело по членот 353 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Фрчкоски како службено лице – Шеф на Постојаната Мисија при Обединетите нации во Њујорк од 20 април 2022 година до 6 октомври 2024 година, ја злоупотребил службата бидејќи постапил спротивно на  Инструкцијата од Министерството за надворешни работи од 25 април 2023 година и спротивно на  Мислењето од Министерството за финансии од 23 јули, 2023 година.

На сметката на Постојаната мисија на Македонија во ООН биле уплатени 3,998.721,72 американски долари, од заедничка продажба на сукцесиски објект на СФРЈ во Њујорк. Од тие пари на сметката на Буџетот на Македонија потоа уплатил 3,94 милиони американски долари. Останатиот износ во висина од 58.721,72 американски долари, пак, останале на сметката на Постојаната мисија на Македонија во ООН.

„Истиот иако бил должен, паричните средства не ги уплатил на сметка на Буџетот на РМ и истите незаконски и ненаменски ги потрошил и на начин што постапил спротивно на: Правилникот за финансиско и материјално работење на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, Упатството за водење на финансиското и материјалното работење на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, Правилникот за плата, додатоци на плата и надоместоци на определени трошоци на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија и  Интерната процедура за начинот и постапката на планирање, спроведување и реализација на јавните набавки до ДКП-та на Република Македонија во странство“, се вели во кривичната пријава.

Понатака пишува дека „на овој начин Љубомир Данаилов-Фрчкоски остварил незаконско и ненаменско користење на буџетските средства по основ на земени аванси за службен пат, по основ на помалку вратен депозит за резиденцијата на амбасадорот, по основ на пречекорувања на дозволениот износ за мобилен телефон како и неоправдани и дупли плаќања на одредени сметки за телефон, по основ на нерасчистено салдо во касата на Постојаната Мисија на РМ при ООН во Њујорк, по основ на направени издатоци за репрезентација повеќе од дозначените средства од страна на МНР на сметката на Постојаната мисија во Њујорк, по основ на подигнати парични средства од касата на Постојаната Мисија за поправка на службено возило без претходна согласност од МНР, со што причинил материјална штета во износ од 57.855,18 американски долари“.

Со горенаведените противзаконски дејанија првопријавениот Љубомир Данаилов-Фрчкоски и останатите тројца приијавени вкупно причиниле штета на државниот буџет во вкупен износ од 116.576,9 американски долари, стои во кривичната пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил
Следна Статија Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазување на Фросина Кулакова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас в петок во Скопје на средба со Мицкоски

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика денеска заминува на турнеја низ Западниот Балкан, во чии рамки…

May 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски со апел до полицајците – укажување, а не казна за возачките дозволи со старото име на државата

Граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи и регистарските таблички кои претстанаа да важат, во овој период не треба да…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Артан Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?