Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб
ПОЛИТИКА

ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Објавено February 13, 2025 09:30
Сподели
Сподели

По повод изјавите околу промена на државниот грб, Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за нашата држава.

Рисот како симбол се наоѓа на металната петденарка, се најде на националниот фудбалски дрес, но и на уште многу други места и е заштитен со голем број меѓународни конвенции.

Од ЛДП велат дека доколку се постави рисот, се покажува поглед кон иднината наместо „враќање назад и гледање во минатото“.

„Тоа е симбол кој со ништо нема да потсетува на било која соседна држава и да создаде проблеми. Прифатлива е само уникатност, посебност, новина, свежина, иднина и заштита на своето – како што е Балканскиот рис, кој потекнува од Шар Планина, е ретко и заштитено животно, и е еден од нашите национални државни симболи“, додаваат од ЛДП.

Посебноста на Македонија мора да биде главната водилка кон прифаќањето на било каков предлог за државниот грб. Притоа, тоа мора да биде и решение, кое ќе ги задоволи сите граѓани на Македонија, без разлика на националната, етничката, партиска, верска или било која друга припадност.

„Предлагаме општо прифатливо решение. Бидејќи доколку сите се водиме од своите партиски обележја или позиции, ЛДП би се придржувала до македонската флора и фауна и би предложила поставување на соколот како уникатен македонски симбол и дел од нашиот македонски фолклор. Покрај тоа што во Македонија живеат 9 посебни видови на соколи, во нашата народна музика со гордост се опева соколот кој пие вода од нашиот Вардар, песна која е и химна на партијата.”, истакнуваат од ЛДП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Тарковски погоди во 98. минута за реми во последното дерби на „Гудисон Парк“
Следна Статија За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори…

October 12, 2024
ПОЛИТИКА

Николоски: Да го продолжиме тоа што го започнавме во првиот круг

Денес во општина Конче се одржа мини митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ, каде потпретседателот Николоски и претседателот Мицкоски му дадоа поддршка…

October 24, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ги покачи сметките за струја

Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема…

December 24, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Виница: Димче и Левица одработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На отворена сцена се гледа една непринципиелна коалиција помеѓу Левица и ДУИ којашто е многу опасна, рече на вчерашниот митинг…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?