Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев

Објавено November 15, 2025 10:57
Сподели
Сподели

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во вчерашаната емисија „Аргумент +“, на ТВ 24, изнесе уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев. Николовски посочи дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство Трипуновски, за доделување земјоделско земјиште бил на ќерката на директорот на Платежната агенција.

„Прв договор кој што го има потпишано министрот Трипуновски за доделување на земјодолско земјишто на почетокот на јули минатата година, кога дојде на функцијата министар, знаете со кого е? Со ќерката на актуелниот директор на Платежната агенција кој денеска е во притвор – тоа е Ана Стоилева. Тоа говори за уште поблиските односи кои што ги има со оваа светиниколска врска. Ова јавно го кажувам, а по допрен глас може да се постапува“, рече Николовски.

Тој додаде дека Платежната агенција откако Трипуновски е министер за земјоделство е партизирана, за што како што кажа Николовски постојано алармирал.

„И од собраниската говорница укажува дека има политичка тортура, дека има партизација во Платежната агенцијата, дека нема комуникација со Брисел, дека директорот не оди на важните состаноци, дека се чуваат предмети во фиока, дека има неажурност. Скандалот со ИПАРД е пред се личен, заради тоа што директорот на Платежната агенцијата е фатен во овој мегакорупциски скандал“, рече Николовски.

Во интервјуто, Николовски посочи дека скандалот со ИПАРД со кој под суспензија се 130 милиони евра – пари кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните инвестиции, е дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа година и пол нема ниту една реформа, ниту нова мерка за овој сектор.

„Трипуновски нема да остане запаметен по ниту една реформа, туку по безидејноста, по неспособноста, по ниту една мерка. Бевме прогласени за лидери во делот на искористеност на европските фондови, и уште повеќе најдобри споредено со сите земји кои што ги користат овие средства, за да сега, за жал, се вратиме повторно назад и да ни се случи суспендирање на ИПАРД програмата“, рече Николовски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Марш за ангелите“ денеска во Скопје
Следна Статија Костадиновски нов претседавач на Балканскиот форум на уставни судови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Германија ги заострува правилата за работа, македонските граѓани со ограничени можности

Германија подготвува нови законски измени со кои ќе се отежни пристапот до работни дозволи за странските државјани, меѓу кои и…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Идната недела ќе се одржи состанокот со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски очекува идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој ќе настојува…

November 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Финансии: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на домашната економија, односно домашните компании се одвива врз основа на услови кои…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?