Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско
ХРОНИКА

Обвинение за лицата кои организираа борби за кучиња во битолско

Објавено November 8, 2025 13:26
Сподели
Сподели

Покренато е обвинение против двајцата македонски државјани и еден грчки и еден косовски државјанин кои во битолското село Црнеец во близина на Стрежево на 1 ноември организираа и учествуваа во борби со кучиња.

Тие ќе одговараат за кривично дело „убивање и мачење животни“ согласно член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување. Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата „пит бул”, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок, информира денеска Јавното обвинителство на Македонија.

Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани, а доколку двајцата странски државјани кои се во бегство, не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи да им се суди во отсуство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За многу години: Денеска е Митровден
Следна Статија Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајца припадници на Армијата повредени во пожар во касарната во Тетово

Вчера во 13.46 часот во СВР Тетово било пријавено дека во објект во касарната во Тетово настанал пожар. При обид…

June 19, 2025
ХРОНИКА

Разбојник со пиштол ограбил продавници за брзи кредити, а оружјето го фрлил во Вардар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени кривични…

October 26, 2025
ХРОНИКА

Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство

Во јавноста како бомба одекна веста дека в Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, македонски дрзхавјанин кој…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Воз удрил во патничко возило во Велес

Во Велес вчера се случила железничка несреќа, воз удрил во патничко возило. Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?