Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски со делегација на Безбедносната конференција во Минхен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски со делегација на Безбедносната конференција во Минхен
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски со делегација на Безбедносната конференција во Минхен

Објавено February 15, 2025 08:43
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација на Безбедносната конференција во Минхен се очекува за време на форумот да има средба со претседавачот на Минхенската конференција, амбасадорот Кристоф Хојгенс, со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со други политички лидери.

Како што соопштија од владината прес-служба, претседателот на македонската Влада, Мицкоски ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западниот Балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.

Мицкоски ќе ја искористи приликата за лобирање и прикажување на реалната слика од пристапните преговори на државата во поглед на европските перспективи, како и план за развој и економски достигнувања како дел од напорите за економски прогрес и сигурност на граѓаните, се додава во соопштението од Владата.

Премиерот Мицкоски вчера во Минхен се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, со кого разговарале за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата да се отворат вратите на ЕУ.

Како што соопштија од Владата, Мицкоски посочил дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.

Во составот на владината делегација што ја предводи премиерот Мицкоски се и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

На 61. Минхенска конференција што се одржува од 14 до 16 февруари ќе се овозможи висок дијалог за клучните надворешни и безбедносни предизвици што се актуелни прашања на политичките лидери. На конференцијата присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поликлиниката „Бит Пазар“ доби педијатриски дежурен пункт што ќе функционира ноќе и за викенди
Следна Статија Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Обвинителството да се занимава со СДСМ – ширењето паника и страв околу мигранти е насилство

Обвинителството да се позанимава со изјавите на СДСМ околу мигрантите побара премиерот Христијан Мицкоски денеска. Тој кажа дека од СДСМ…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Кози брстат жива ограда на скопски булевар

Снимка од стадо кози кои, незаинтересирани за бучавата и околниот густ сообраќај, мирно брстат грмушки меѓу двете коловозни ленти на…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани спонтано се организираат – нудат сместување за семејствата на повредените

По големата несреќа во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, повеќето повредени се пренесени во скопските болници, а скопјани…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка

Препораки да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?