Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка
БАЛКАН

Продолжен притворот за осомничените за убиството на 2-годишната Данка

Објавено February 14, 2025 11:37
Сподели
Сподели

Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена на Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ. Адвокатите на осомничените побарале укинување на притворот, но судот ги одбил, пишува Блиц.

Тој суд треба повторно да донесе одлука за обвинението против Драгијевиќ и Јанковиќ откако судот во Ниш неодамна го укина решението со кое се потврдува обвинението и го врати на првостепениот суд на повторно одлучување.

Данка Илиќ исчезна на 26 март минатата година, а нејзиното тело се уште не е пронајдено. Во обвинението Јанковиќ и Драгијевиќ се товарат за кривично дело тешко убиство.

Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан, е осомничен за кривично дело помагање на сторител на кривично дело и непријавување кривично дело. Го обвинуваат дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.

Паралелно со истрагата за убиството на Данка, се води истрага и за претепувањето на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот Дејан, кој почина во полициската станица Бор поради полициска бруталност.

Тој е приведен поради сомнение дека му помогнал на Драгијевиќ да го сокрие телото на детето, а иако српската полиција тврдеше дека починал од природна смрт, обдукцијата покажала дека смртта била насилна. Се уште никој не е уапсен во врска со неговата смрт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Свети Трифун ги опари лозарите: Исплатени се 5,2 милиони евра субвенции за производство на грозје
Следна Статија Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Рама во Валона на вечера со Иванка Трамп и група архитекти

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна синоќа со Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, и поголема група меѓународни…

January 22, 2026
БАЛКАН

Објавен редок документ – Вака изгледа потерницата против Хашим Тачи

Претседателот на Сојузот на историчари Скадран Имерај, објави редок документ – налог за апсење издаден од српските власти за поранешниот…

April 8, 2025
БАЛКАН

Вучиќ предлага измени на Уставот што би ги заштитиле граѓаните од присилно иселување од сопствените домови за време на извршни постапки

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека ќе се работи на измени во Уставот на Србија, со кои ќе се…

June 21, 2025
БАЛКАН

(Видео) Србија под снег: делови од земјата затрупани, патиштата блокирани

Почетокот на октомври донесе вистински зимски услови во делови од Србија. На Копаоник паѓа снег од синоќа, а и други…

October 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?