Путин: Ракетниот систем Орешник е гарант за територијалниот интегритет на Русија

- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје и дека во светот нема средства што би можеле да го пресретнат.

Тој најави масовно производство на ова оружје, нагласувајќи дека овој нов систем стана уште еден гарант на суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија.

Во денешниот свет нема одговор за таков проектил, ниту средства за нејзино пресретнување. И уште еднаш ќе нагласам дека ќе продолжиме да го тестираме овој најнов систем, рече Путин.

Сподели ја оваа статија