Музичкиот магнат Паф Деди е во затвор и го чека судењето кое е закажано за мај следната година. Тој е обвинет за бројни кривични дела како посредување во проституција, трговија со луѓе. Во периодот кога се вршени некои од овие злосторства, тој бил во врска со пејачката Џенифер Лопез.
Латино ѕвездата во последно време се почесто се споменува со името на Диди, а сега се појавија и фотографии направени по една од забавите, кога наводно тринаесетгодишно девојче било силувано од раперот.
Diddy and Jennifer Lopez seen having heated argument in unearthed party photos from same night he's accused of raping 13-year-old girl https://t.co/3UJRiXj2QS
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 30, 2024
Музичкиот магнат и пејачката кои беа заедно од 1999 до 2001 година, биле снимени на афтер-забава за доделувањето на MTV VMA во 2000 година во Њујорк, а каде подоцна беа видени во драматична конфронтација.
Фотографиите се направени во сега веќе непостоечкиот ноќен клуб Лотус на 7 септември 2000 година – истата вечер во нова тужба се тврди дека Диди сексуално нападнал млада девојка пред две непознати познати личности.
Присутен гостин се сеќава дека бил сведок на расправијата, која завршила со рано заминување на раперот со неговата придружба и група девојки.
„Сите танцуваа и уживаа, но како што одминуваше ноќта, тензиите растеа меѓу него и Џенифер, вели изворот.
Фотографиите добиени од DailyMail.com го доловуваат моментот кога лутата Џеј Ло му вика на Паф Деди среде забавата пред да замине.