Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда, вистина и фер постапка, не сожалување и сочуство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда, вистина и фер постапка, не сожалување и сочуство
МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда, вистина и фер постапка, не сожалување и сочуство

Објавено November 15, 2025 15:13
Сподели
Сподели

Сопруга на Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска денеска на протестот „Марш за Ангелите“ порача дека тие не бараат сожалување, ниту пак сочувство, туку како што вели, тие бараат правда, вистина, фер постапка и гаранција дека ниту едно семејство нема да се разбуди во ноќта која тие ја преживеале.

„Бараме да покренете иницијатива за одржување надзорна расправа пред надлежната собраниска комисија, како и да формирате посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата бидејќи трагедијата не е бројка, туку живот. Трагедијата претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана на живот. Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија, никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен а не бил“, вели таа.

Наталија порача да се утврди вистината каде се случиле пропустите.

„Кој не реагирал? Кои институции задоцнија? Кој ја имал должноста да спречи, а а не спречил? Бараме посебна анкетна комисија затоа што имаме право сите на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања без одговор и недоразјаснети околности. Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината овој пат е сокриена. Анкетната комисија е неопходно да го обезбеди следново: сите факти да излезат на виделина; проверка на постапување на сите институции од локално до централно ниво; да се утврди евентуална политичка или службена одговорност; да се подготват мерки коишто ќе спречат и и ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш повеќе никому нема да му се случи“, вели сопругата на Андреј од ДНК, Наталија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 22 ноември, 3 знаци влегуваат во среќен период: Сонцето ќе влезе во Стрелец
Следна Статија Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Змија на тераса во скопски „Карпош“

Граѓани информираат за змии кои се појавиле низ дворови на училишта, градинки, паркови. Овој пат змија се појавила на тераса…

May 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Барањето за уставни измени нема ништо заедничко со Копенхашките критериуми

Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон, маратон за кој понекогош мислам дека може да се прашаме „дали го чекаме…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дел од семејствата на настраданите од „Пулс“ на средба во Обвинителството

Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и…

April 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа ги отфрли обвинувањата дека…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?