Сопственикот на ТВ Пинк му понуди работа на министер Весиќ, кој најави оставка

- Advertisement -

Сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, јавно му понуди работа на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ кој најави оставка по трагедија во Нови Сад.

Митровиќ му понуди на Горан Весиќ “една од највисоките позиции во управувањето на Пинк Медиа Груп”.

“Го познавам Горан добро и ги знам неговите квалитети и сигурен сум дека тој е еден од топ 10 највредни, најпосветени и најталентирани луѓе во земјата, ќе биде чест за мене, ако Весиќ нема други планови, да ја прифати една од највисоките позиции во раководството на Пинк Медиа Груп”, напиша Митровиќ на Х платформата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ “покажал одговорност” со неговата оставка, додавајќи дека тој “не го принудил Весиќ да поднесе оставка”, но како што дополни Весиќ ќе остане во Српската прогресивна партија и тие таму ќе “работаат заедно”., објавија српските медиуми.

Сподели ја оваа статија