Уапсен еден од осомничените за синоќешното убиство во Арачиново

- Advertisement -

По синоќешнота престрелка во скопско Арачиново, каде беше усмртен 50-годишниот С.А., а повреден е неговиот 19-годишен син А.А., од МВР потврдуваат дека едниот од осомничените во овој случај е приведен, а другиот е во бегство. Во меѓувреме, состојбата на повредениот 19-годишен А.А., кој синоќа околу 19 часот бил донесен клиниките во Скопје, според лекарите е стабилна, но и понатаму останува на одделот за интензивна нега.

„Синоќа во доцните часови примивме 19-годишно момче со прострелни рани, влез-излез, претпоставувам куршум од мал калибар. Повредите се главно во десната страна на градниот кош. Во текот на ноќта имавме хируршка интервенција при што беше отстранет дел од оштетениот бел дроб. Пациентот е донесен во состојба на шок и по интервенцијата е стабилизиран и во моментот се уште е на одделот за интензивна нега, додека според сите параметри е во стабилна состојба и верувам дека во рок од еден ден ќе биде префрлен на одделението на нашата клиника“, рече Неџади Јакупи – дежурен Хирург.

Според соопштението на МВР, таткото кој починал и неговиот син кој бил повреден биле застрелани со огнено оружје во село Арачиново од страна на две лица кои биле во автомобил од типот „Ауди“.

Мотивот за синоќешното убиство и ранувањево Арачиново останува нејасен, но неофицијално станува збор за неплатени долгови. Инцидентот се случил сред село, во близина на куќата на сега починатиот.

Сподели ја оваа статија