Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Објавено May 9, 2025 22:11
Сподели
Сподели

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во подкастот „Политиканти“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа катастрофално лошо менаџирање со економијата и институциите, како и во однос на заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Поради ваквите економски политики во континуитет изминатите година дена има пад на индустриското производство, пад на извозот, сериозен пад на стандардот на граѓаните, цени коишто не се контролираат во маркетите“, рече Филипче.

Притоа, Филипче посочи дека реалноста со која се соочуваат македонските граѓани е далеку од сликата што Владата се обидува да ја прикаже.

„Има страшна една серија на елементи за коишто Владата не реагира, а тоа ѝ е обврска. Раст на цената на струјата од 20 до 30%, парното 5% – брзо ќе помине летото и за час ќе се соочиме со многу силен притисок. Граѓаните го чувствуваат тоа, не може крај со крај да врзат. Сега повторно има серија на поскапувања и Владата повторно ништо не прави“, рече Филипче.

Од друга страна, како што кажа Филипче, на вакви високи трошоци за живот и ценовни шокови, Владата не покажа слух за реално зголемување на платите на работниците.

„Нема слух за барањето на синдикатите за зголемување на платите, ниту на минималната, ниту на просечната плата. И зошто велам лошо менаџирање со институциите – премиерот и Владата велат нека се договорат работниците и работодавачите сами за платата, епа тогаш зошто е Владата?“, рече Филипче.

Тој посочи дека владите на СДСМ и во најголемите кризи – во ковид пандемијата и енергетската криза, секој граѓанин беше помогнат, а стандардот заштитен.

„Ние во изминатите седум години направивме многу за различни социјални категории, за работниците. Ги зголемивме платите, водевме сметка за просечната, за минималната плата кои растеа и во најтешките времиња. Се субвенционираа работните места и компаниите и во најтешките кризи. Над 80 илјади работни места се зачуваа благодарение на нашите мерки. Енергетската криза се изменаџира без никој тоа да го почувствува. На луѓето сметките за струја не им се зголемија кога цената на гасот беше неколкукратно поголема“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дончиќ на рака има часовник од 80.000 евра и скршен Ајфон
Следна Статија Нови детали за убиството во Штип: Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, ја свика втората седница на Генералниот…

January 14, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Благодарам Вреди! – Чаир ќе добие поддршка и рамномерен развој од Град Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изрази благодарност за огромната поддршка на вчерашниот настан во општина Чаир, на покана…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Разрешениот Нанев токму Тошковски го вработи во МВР – ДПМНЕ се дозакопа за скандалите со Еразмус+

ВМРО-ДПМНЕ незнаејќи како да се извади од скандалот со Еразмус+ и вмровските шеми тешки милиони евра се дозакопа уште подлабоко,…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Јанковиќ: Скопјани се жртви на политички игри, дали ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП?

Скопјани 4 години секој ден живеат во хаос, преполни контејнери, нечисти улици и јавен превоз во колапс. Главниот град е…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?