Фон дер Лајен: Црна Гора во ЕУ до 2028 година

- Advertisement -

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Подгорица изјави дека ЕУ е „цврсто“ со Црна Гора, чиешто пристапување во ЕУ до 2028 година е „амбициозна цел кон која треба да се работи“.

Taа изрази уверување дека Црна Гора значително напредува на својот европски пат и успешно затвора поглавја во преговорите.

Таа се сретна со премиерот Милојко Спајиќ и претседателот Јаков Милатовиќ.

„Црна Гора напредува во своите европски интеграции. Сега затвораме поглавје по поглавје“, напиша Фон дер Лајен на својот профил на Икс.

Таа истакна дека се очекува земјата да добие над 380 милиони евра од Планот за раст за Западен Балкан, со 27 милиони евра достапни до крајот на годината.

„Имате причина да бидете горди на постигнатото; до крајот на годината можете да затворите четири поглавја“, рече Фон дер Лајен на прес-конференцијата по средбата со Спајиќ, како што пренесува црногорската национална ТВ РТЦГ.

„Подготвени сме да понудиме секаква помош“, додаде таа.

Фон дер Лајен започна својата турнеја низ Западен Балкан на 23 октомври, посетувајќи Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Република Северна Македонија и Косово. Црна Гора е нејзината последна дестинација.

Сподели ја оваа статија