Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија

Објавено November 13, 2025 19:43
Сподели
Сподели

Четирите јавни претпријатија во град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста директор. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ги соопшти нивните имиња.

Во јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов кој ја извршувал оваа функција на почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, а во „Водовод и канализација“ Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела Вода.

Како што соопшти Ѓорѓиевски, за директор во Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде назначено лице кое долги години работи во ова претпријатие, а во „Комунална хигиена“ човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје.

– Во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен директор кој исклучитено добро се покажа изминатиот период за време на акцијата 72 часа. Не е актуелниот в.д. директор. Се вика Драги, човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје, не бил екпсониран ниту партиски, ниту во јавност. Во ЈСП Скопје ќе биде назначен Саше кој работи долги години во ова претпријатие, има искуство и ги разбира процесите, соопшти Ѓорѓиевски за емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Ѓорѓиевски негираше дека некогаш кажал дека ќе ги приватизира јавните претпријатија. Вели дека ќе работи на зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија и дека ќе работи на тоа да станат самоодржливи.

Сметките за граѓаните, како што кажа, нема да поскапат. – Така сум ветил во кампањата, рече Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Турски „ер трактор“ се урна во Хрватска, пронајдено е телото на пилотот
Следна Статија Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски по изборната победа: Ќе се борам за подобро Скопје

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршка

Да се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми, особено во урбанистичката сфера, да се одвојат посебни локации за…

July 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски денеска го посетија…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?