Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: Обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Објавено November 14, 2025 18:08
Сподели
Сподели

Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје – обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој информира дека на седница на Советот на Град Скопје бил изгласан ребаланс за закрепнување на градот и јавните претпријатија, ребаланс кој ќе овозможи плати за вработените, но и со кој се кратат непродуктивни трошоци.

Сакам да им се заблагодарам на сите советници за поддршката и конструктивноста. Почнуваме со консолидација.
Овој ребаланс значи сериозна промена со кој буџетскиот дефицит го намалуваме за 928,5 милиони денари, а капиталните инвестиции ги зголемуваме за речиси 98,9 милиони. Тоа е јасна порака дека нема повеќе нерационални задолжувања, туку нови решенија и нови проекти. Јавниот превоз го решаваме без нови кредити и без да го ставаме градот на колена. Приватните превозници се враќаат и повторно ќе возат, повторно ќе служат на скопјани, објави Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

Тој појаснува дека во тек е соработката со Министерството за транспорт за повторно оживување на Градскиот воз, како и оти Владата веќе ја спроведува набавката на 80 нови автобуси.

Ние почнуваме со разгледување на БРТ – системот кој ќе го подигне јавниот превоз на повисоко ниво. Во образованието правиме силен исчекор напред. До крајот на годината, училиштата ќе добијат нови спортски терени, фитнес зони, смарт табли, кабинети за информатика и лаптоп за секој првенец на генерација. Ќе се реши и хроничниот недостаток на столчиња и училишни клупи. Со овој ребаланс започнуваме и со реализација на ветените проекти како што се парк ,,Христијан Тодоровски – Карпош“, парк ,,Лепенец“, како и изградба на 50 нови помали паркови низ градот. Во делот на инфраструктурата стартуваме со проекти што одамна требаше да бидат завршени. Тоа се реконструкција на улицата ,,Фрањо Клуз“, кружниот тек во Ѓорче Петров, трета лента на булеварот ,,Александар Македонски“, прва фаза на булевар ,,Хрватска“, булевар ,,АСНОМ“, клучката кај ,,Момин Поток“, информира скопскиот градоначалник.

Според него, дополнително, се обезбедуваат и средства за изработка на проектна документација за улиците ,,Шарпланинска“, ,,Бутелска“, ,,Радишанска“, кружен тек кај ,,Тобако 2“ и други.

Во буџетот има средства и за надомест на експропријација, со што конечно ќе се отвори патот и за реализација на поголемите булеварски решенија, меѓу кои и булеварот ,,Борис Трајковски”. Драги скопјани, времето на стагнација и уназадување на градот заврши. Скопје почнува да оди напред повторно. Знам колку длабоко градот е во финансиски амбис. Но знам и дека нема да отстапиме. Ќе го дадеме последниот атом сила од нас за да го вратиме Скопје на правиот пат. Ова е само првиот чекор, пишува градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници
Следна Статија Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, денеска во Сараево, имал средба со Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда достави допис до Влада за предлог разрешување на Коцевски

Министерството за правда , постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата одржана на 11.02.2025 година презеде активности и подготви…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тројцата повредени во пожарот во Кочани пристигнаа во болницата во Солун

Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево биле пренесени и пристигнале…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања кон Израел и Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?