Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани

Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.

Не е позната причината за несреќата, но извесно е дека можеби ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото.

„Скопје1“ за излетаниот автобус на патот кон Булачани побара информации и од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, но не доби одговор.

Детали биле побарани и од МВР, особено за тоа, дали случајот е пријавен во полиција.

Сподели ја оваа статија