Компјутерските системи на федералната полиција откажаа на аеродромите низ Германија, пишува весникот „Билд“.
Техничките проблеми влијаеле на системите што ги користат официјалните лица за проверка на влезот на патниците.
„Нашите колеги мора рачно да направат многу работи што претходно ги правеше системот. Ние сè уште успеваме да го направиме тоа“, изјави за Билд портпаролот на федералната полиција, одговорен за аеродромот во Франкфурт.
Причината за неуспехот се уште не е позната.
Телевизискиот портал WDR објави дека се создаваат долги редици во безбедносната област на аеродромот во Дизелдорф. Некои патници наводно чекале два часа.
Од аеродромот за овој медиум изјавија дека во моментов не може да се влезе во Германија надвор од Шенген зоната.
Во моментов нема долги редици на аеродромот во Минхен, но има мали доцнења, изјави за Билд портпаролот на федералната полиција.
Слична е ситуацијата и во Берлин.
„Овде, потребно е малку повеќе време за да се влезе во земјата. Но, нема забрана за влез“, изјави портпаролот на аеродромот за БИЛД.