Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија. Мало сутра! Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино,
мака ми е што лежев заради ваквите како Заев. А за тој пандемискиот министер за здравство не ми се ни зборува, неважен е’, освен заради бројот на умрените од ковидот, порача денеска актерот Владо Јовановски, споделувајќи ја снимката од журкањето на Венко Филипче и Зоран Заев во Дубаи.
„Додека јас и многумина, уште ги трпиме последиците од “жигосувањето”…
Додека браќата од 27 ми. се’ уште се во затвор, некои Богами си се веселат! До душа крајно кичерајски, ама тоа е нивното ниво, за вкус закон нема.!
Но се плашам дека и за висок криминал и корупција, закон нема.
Барем се’ уште таква е реалноста …
Ако нема одговорност за сторените недела, ако виновниците немаат име и презиме, тогаш се испраќа порака дека, се’ е дозволено!
А тоа е многу опасно!
Затоа ОД ГО ВОР НОСТ!
Не од утре, туку уште од вчера.
Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува, напиша Јовановски.