Младата атлетичарка Ања Радоњиќ (24) од Параќин им подлегнала на повредите по страшната несреќа на железничката станица во Нови Сад, кога врз неа и врз уште 16 лица падна бетонска настрешница тешка неколку тони.
Повредите на Ања беа исклучително тешки, лекарите направија се за да ја одржат во живот, но за жал, таа не преживеа.
Ања е 15-та жртва на трагедијата ви Нови Сад , храбро се бореше за живот 17 дена, но и покрај напорите на лекарите не успеа.
Да потсетиме, таа студирала кинески на Филолошкиот факултет во Белград и со години тренирала кошарка, па најблиските верувале во победнички спортски дух, но денеска ги добија тешките вести од кои најмногу се плашеа.
На тој кобен ден, да потсетиме, Ања била во Нови Сад со своето момче. Според зборовите на нејзината братучетка, таа се нашла на железничката станица кога најверојатно се враќала во Белград, каде што студирала.
Инаку, големата трагедија во Нови Сад веќе остави во црно 15 семејства, а животот на двајца повредени се уште виси на конец. Покрај Теодора од Кисач, меѓу повредените е и младиот Вукашин Ц. Нивната состојба и денеска не е променета.