Баба влегла кај внукот на час и недолично се однесувала

Во деветтолетка во Прилеп вчера баба влегла кај внукот среде час и недолично се однесувала кон него.

„На 16.10.2024 во ОВР Прилеп, 44-годишна прилепчанка пријавила дека во основно училиште во Прилеп во кое учел нејзиниот малолетен син влегла неговата баба и за време на час недолично се однесувала кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.

Сподели ја оваа статија