„Блумберг“: Ердоган планира да му го предложи на Зеленски планот за ставање крај на војната

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите на Г-20 во Рио де Жанеиро, пишува Блумберг, наведувајќи дека Ердоган ќе му предложи на Зеленски да се согласи да ги одложи разговорите за влез во НАТО за најмалку 10 години како отстапка кон Русија.

Турскиот план предвидува и создавање на демилитаризирана зона во Донбас, а како што дознава Блумберг, Ердоган предлага да се вети испорака на оружје за Украина како компензација за тоа што се согласи да не влезе во НАТО.

„Турските власти признаваат дека на Украина би и било тешко да прифати таква понуда, но сметаат дека тоа е најреален пристап. Ќе се обидат да ги одложат дискусиите за долгорочната судбина на окупираните територии за да се фокусираат прво на обезбедување стабилен прекин на огнот“, според Блумберг.

Сподели ја оваа статија