Вардар го победи Шкупи, Работнички го загуби врвот на табелата

Гоце Седлоски со победа по вторпат дебитираше на клупата на Вардар, откако со 3:2 славеше над Шкупи во скопската пресметка со што „вардарци“ после долго чекање се врати на победничките патеки. За Седлоски како тренер ова беше победа против неговиот поранешен клуб Шкупи, кој го водеше пред неколку години.

За „црно-црните“ овие три бодови се од големо значење со што сега имаат 11 бодови, но и натаму се во опасната зона, а пак Шкупи е во средината со 16 бодови и три порази во низа.

Канда донесе водство за Шкупи од 0:1, а пак Вардар преку Закариќ и Николоски дојде до 2:1 на полувреме. Во вториот дел Ибиши израмни на 2:2, а пак Мицевски постигна гол за голема победа на Вардар од 3:2.

Реми на Тиквеш и Беса во Кавадарци, откако двете екипи одиграа 0:0, а пак Силекс со голот на Дарко Додев славеше со 1:0 над Пелистер, а со 1:0 славеше и Струга на Работнички со голот на Кехинде, со што Работнички не е повеќе лидер во Првата лига.

Гостивар со убедливи 4:0 славеше над Воска Спорт на домшен терен, откако во првиот дел немаше голови во второто полувреме Џало погоди за 1:0, потоа Диатта постигна гол за 2:0, а два брзи гола во финишот даде Симоновски.

Седум погодоци паднаа во Тетово за победа на Шкендија од 4:3 над Брера со што тетовци се на врвот од табелата. Шала и Рамадани погодија за 2:0, а во финишот на првиот дел Ристовски даде гол за 2:1. На стартот од вториот дел Ивковиќ даде гол за 2:2, но брзо веќе во 53. минута Адеми стрелаше за 3:2, а пак Крстевски за 4:2. Во 76. минута од натпреварот Ивковиќ со втор гол ги постави конечните 4:3.

На врвот е Шкендија со 27 бодови колку што има и Гостивар кој е втор и Силекс кој е трет. На делба на четвртото емсто се Струга и Работнички со по 25 бодови.

Сподели ја оваа статија