Ракометниот тим на Вардар, во СЦ „Јане Сандански“ убедливо го победија Валур со 33-26.
Македонскиот тим прашањето околу победникот го реши уште во првото полувреме кое го доби со неверојатни 19-11.
Големата предност на Вардар му донесе мирно второ полувреме во кое само ја одржуваше високата предност за на крајот да слави со 33-26.
На голот на Вардар фантастична партија имаше голманот Фереира кој запиша 14 интервенции, најефикасни беа Борозан и Срдановиќ со по шест голови.
Магнусон со четири гола беше најдобар кај Валур, голманот Густавсон имаше одличен меч со 15 одбрани.