(ВИДЕО) Баба од старечки дом раскинала со дечкото и му рекла: Ќе ти требаат години да ме преболиш

Баба која објавува на TikTok под профилот @grandma_droniak стана вирална сензација откако објави видео од старечки дом на кое му испрати порака на сега веќе поранешното момче. Имено, 94-годишната баба имала неколку работи да му каже на бившиот по раскинувањето, а видеото станало тотален хит.


Ова видео е за мојот поранешен. Готово е! Јас те блокирам, ти си блокиран“, му рече таа, а потоа го блокираше на нејзиниот мобилен телефон.

„Не доаѓај во мојот старечки дом. Забранет си. Ја имаат твојата слика на рецепција! И никогаш не ми се допаднаа овие обетки што ми ги купи. Знам дека ова се лажни дијаманти. Мислиш дека сум глупава? Чао! Не те сакам“! му рече таа.

Клипот собра повеќе од 6 милиони прегледи за само три дена откако беше објавен. Инаку, бабата стана хит кога во едно видео ја диктираше листата на несакани гости на нејзиниот погреб и проба облека за сопствениот погреб, а сега повторно собра бројни коментари.

Сподели ја оваа статија