(ВИДЕО) Бурна реакција на Џенифер Лопез на прашањето за Диди – ја налутија фановите

Џенифер Лопез минатиот викенд присуствуваше на проекцијата на филмот „Unstoppable“, а претходно истата вечер потпишуваше автограми за луѓето кои присуствуваа на настанот.

Според Дејли Мејл, во еден момент еден обожавател ја прашал: „Имаш ли коментар за Диди и обвинувањата против него?“.

Познатата пејачка наводно многу се налутила на ова прашање.

Странските медиуми пишуваат дека после тоа престанала да дава автограми и ја напуштила просторијата со своето обезбедување, додека некои обожаватели ја молеле да не си оди.

Сепак, таа не сакала да се врати и заминала без да одговори на прашање за претходната врска со Диди.

Џенифер Лопез и уапсениот музички магнат ја започнаа својата врска во 1999 година, а раскинаа во 2001 година. Пејачката и актерка изминатите неколку години имаше само добри зборови за Пи Диди.

Во интервју за „Access Hollywood“ во 2014 година, таа рече дека тој „и дал насоки и ја научил на многу работи“ и дека „сè уште има толку взаемно почитување и восхит“ меѓу нив.

Тие беа уапсени заедно во 1999 година, по пукање во ноќен клуб. По инцидентот тие го напуштиле местото на настанот, а потоа учествувале во потера додека бегале од полицијата.

Кога биле запрени, полицијата во автомобилот пронашла украден пиштол.

Обвиненијата против Џенифер беа отфрлени во текот на ноќта, но Шон Комбс и пријателот кој беше со нив, Џамал ​​Бароу, отидоа на судење. Диди потоа беше ослободен од сите обвиненија.

Сподели ја оваа статија