(ВИДЕО) Драма во Амстердам: Унгарски фудбалер колабираше на клупата и беше реанимиран

Драматични сцени во Амстердам каде во Лигата на нации се среќаваат Холандија и Унгарија.

На почетокот на мечот, Адам Салаи, членот на стручниот штаб на Унгарија, колабираше на клупата за резерви. Веднаш му беше укажана помош, а главниот судија го прекина мечот.

Драмата траеше повеќе од петнаесет минути, во кои му се укажуваше итна помош на Салаи, кој потоа беше изнесен на носилки и однесен во болница, а натпреварот продолжи.

Сподели ја оваа статија