Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив „синоќа беа нападнати од заседа во Амстердам“ додека го напуштаа стадионот по натпреварот од Лигата на Европа против холандскиот Ајакс, соопштија израелските власти.
Се појавија и видеа кои покажуваат насилство врз навивачите на Макаби. Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека 10 израелски граѓани се повредени и ги советуваше сите Израелци во Амстердам да останат во своите хотели.
Саар, исто така, побара од неговиот холандски колега Каспар Велдкамп да им помогне на Израелците да се преместат од нивните хотели на аеродромот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека станува збор за сериозен инцидент и нареди да се испратат два авиони за евакуација на израелските граѓани.
Jewish Fans of Maccabi Tel Aviv F.C. were leaving a Soccer Match tonight in Amsterdam, when they were Attacked and Beaten by Crowds of Arabs that were waiting outside the Stadium. At least 12 Injuries are being reported, including several deemed to be Serious; with Jews said to… pic.twitter.com/ORD0EBxgEc
— OSINTdefender (@sentdefender) November 8, 2024
Израелскиот лидер ги повика и холандските власти „да дејствуваат решително и брзо и да обезбедат мир“. Израел потврди дека ќе учествува во евакуацијата. „ИДФ (Израелските одбранбени сили) се подготвуваат веднаш да распоредат спасувачка мисија со координација на холандската влада. Мисијата ќе биде распоредена со помош на товарни авиони и ќе вклучува медицински и спасувачки тимови“, се вели во соопштението.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека досега се уапсени околу 30 лица. Полицијата во Амстердам соопшти дека во средата навечер го зголемила присуството во центарот на градот поради можни тензии во неколку области, ден пред натпреварот.
Maccabi Tel Aviv hooligans who gathered at Dam Square in Amsterdam sparked tensions by igniting a confrontation with pro-Palestine supporters on Wednesday. pic.twitter.com/Q0GYvwm8pi
— Middle East Eye (@MiddleEastEye) November 8, 2024
Во средата вечерта полициските службеници „спречиле конфликт меѓу група таксисти и група посетители кои дошле од соседното казино“. Тие споменаа уште еден инцидент во кој во центарот на Амстердам непознати сторители го симнаа палестинското знаме.
Асошиетед прес пишува дека навивачите на Макаби очигледно се судриле со пропалестинските демонстранти. Судирите избија и покрај забраната за пропалестински протести наметната од градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема, кој стравуваше од ескалација.
Тајмс оф Израел“ тврди дека напаѓачите на израелски граѓани носеле палестински знамиња и извикувале „слобода на Палестина“. Други израелски медиуми јавуваат дека пасошите на некои израелски државјани се украдени.
Навивачите кои отидоа да гледаат фудбалски натпревар наидоа на антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост само поради нивната еврејска и израелска припадност“, напиша израелскиот министер за безбедност Итамар Бен-Гвир во објава на Икс.
Footage going viral online of football fights in Amsterdam were apparently sparked after hooligan supporters of an Israeli team, Maccabi Tel Aviv, began attacking Palestinian flags and chanting racist anti-Arab genocidal chants across the city.
The racism sparked an angry… pic.twitter.com/rhmjsU5U5c
— Robert Carter (@Bob_cart124) November 8, 2024