(ВИДЕО) Објавена снимка од воздух од уништената Јабланица, голема потрага по исчезнатите

Утрово спасувачите ја почнаа потрагата по исчезнатите во селото Доња Јабланица во северниот дел на Херцеговина, кое беше затрупано од огромни наноси од камења, песок и кал во катастрофалните поплави што вчера ја погодија Босна и Херцеговина.

Припадниците на цивилната заштита, пожарникарите, планинската спасувачка служба и другите служби се обидуваат да стигнат до куќите за кои се стравува дека го кријат најголемиот број исчезнати во поплавите и одроните што ги погодија општините Јабланица и Коњиќ и неколку други централни босански општините во петок навечер.

Се пребарува и Неретва, бидејќи имало информации дека најмалку еден човек бил однесен од порои кон таа река. Градоначалникот на Јабланица Дамир Шабановиќ вели дека се распоредени голем број спасувачи и градежни машини. Вложуваме максимални напори да им помогнеме на сите, да спасиме луѓе и објекти“, рече тој.

Според последните податоци, пронајдени се 16 тела на жртвите, додека медиумите јавуваат и за 17. пронајдени на подрачјето на Јабланица, кои биле жртви на поплави и одрони од карпи. Официјално, 12 лица се пријавени за исчезнати во Доња Јабланица, додека медиумите јавуваат дека има десетици случаи. Едно лице загина во Бутуровиќ Поље во општина Коњиќ, а се трага по уште четири лица. Тројца удавени лица се пронајдени во Фојница во централна Босна.

Сообраќајот на главниот автопат кон Мостар се уште е во прекин, бидејќи дел од патот се урна во реката Неретва. Во оваа општина и соседниот Коњиќ има голем број населени места кои се уште се отсечени од светот. Материјалната штета е огромна, а помош за Босна и Херцеговина најавија Европската Унија и соседните држави како Хрватска, Србија, Македонија.

Сподели ја оваа статија