(ВИДЕО) Ова е најубавата жена на светот за 2024 година

Викторија Кјер Телвиг од Данска беше крунисана за Мис Универзум за 2024 година, со што стана првата Данка во историјата на овој престижен натпревар која ја освои оваа ласкава титула.

Дваесет и едногодишната Викторија, професионална танчарка, претприемачка и идна адвокатка, успеа да триумфира во конкуренција на 126 натпреварувачки во финалето што се одржа во Мексико Сити. За време на церемонијата на крунисување, поранешната Мис Универзум, Шанис Паласиос од Никарагва, ѝ ја предаде тијарата, додека нејзините колешки натпреварувачки ѝ дадоа овации.

Натпреварот започнал со избор на 30 финалистки, кои биле најдобро рангирани на преднатпреварите, вклучително и ревија на раскошни национални костими. После тоа, полуфиналистките се претставиле во костими за капење, а првите 12 ја продолжиле борбата за круната во вечерни фустани, додека петте финалистки се соочиле и со прашања на различни општествени теми.

Во своето завршно обраќање, Викторија ја охрабрила публиката да истрае во своите соништа:

„Продолжете да се борите, без разлика од каде доаѓате. Јас стојам вечерва овде бидејќи сакам промена. Пишувам историја и го правам тоа сега“, порачала меѓу другото официјално најубавата жена на светот.

Прва придружничка била Чидима Адецина од Нигерија, додека втора придружничка Марија Фернанда Белтран од Мексико. Меѓу финалистките се нашле Сушата Чуангсри од Тајланд и Илеана Маркез Педроза од Венецуела, која како мајка и учесничка во доцните дваесетти години испиша историја благодарение на новите правила на натпреварувањето.

Меѓу 30-те најубави се пласирала и претставничката на Србија, Ивана Тришиќ, која ја воодушевила светската публика во златен костим со орлови крилја, па за нејзиното издание со воодушевување пишувал и „Бизнис инсајдер“.

Учеството е дозволено за жени над 28 години, бремени жени и мајки

Овогодишниот натпревар, инаку, донесе многу значајни промени. За прв пат во 72-годишната историја на Мис Универзум, на жени постари од 28 години им е дозволено да учествуваат. Повеќе од 20 натпреварувачки постари од претходниот лимит стигнале до финалето, вклучително и Малтанката Беатрис Нјоја, која стана првата жена во своите 40-ти што се пласирала во големото финале.

Овие промени се дел од модернизацијата на конкурсот, кој во 2023 година ја укина забраната за бремени жени, мајки и мажени жени.

Куба се врати во натпреварувањето по 1967 година, додека Белорусија, Еритреја и Обединетите Арапски Емирати за првпат имаа свои претставнички.

Сподели ја оваа статија