Го барам вашиот глас од Америка за да ја направиме Албанија членка на ЕУ во 2030 година и да го подигнеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали, со сите други знамиња на големото европско семејство, рекол премиерот Еди Рама на средбата во Њујорк со албанската дијаспора во САД.
Додал дека „историјата не спречи да им се придружиме на земјите во ЕУ, денес е ден да направиме историја заедно”.
Ова е ветување над сите ветувања, суштина на мојата мисија на чело на албанската влада, посветеноста на Социјалистичката партија од самиот почеток и нашата непроменлива заложба од три мандати, рекол Рама, барајќи ја довербата за четврти мандат.