(ВИДЕО) Хаос на Флорида од ураганот Милтон, луѓе бегаат, снема бензин, продавниците празни

- Advertisement -

Делот од САД кој е погоден од ураганот Милтон е во целосен хаос. Она што им доаѓа би можело да избрише сè од лицето на земјата бидејќи ураганот се засилил на петта категорија и е толку силен што неговата разорна моќ може да се види од вселената.

Овој ураган е наречен „ураган на ураганите“, а сите надлежни служби го предупредија локалното население веднаш да се евакуира, во спротивно ќе настрада.

Милтон веќе направи хаос на местата што ги погоди во Мексико, а Флорида, која се очекува да биде погодена денеска, е предупредена за временските услови.

Синоптичарите предвидуваат дека ураганот ќе дојде до копно денеска, загрозувајќи ја густо населената област на Западна Флорида, која сè уште се опоравува од ефектите на ураганот Хелена.

Наредена е итна евакуација на стотици илјади луѓе, но сега проблемот е што на бензинските пумпи има огромни редици бидејќи нема доволно гориво

Исто така, како што можете да видите од сликите објавени на социјалните мрежи, локалните продавници се веќе целосно празни и се изгледа страшно.

Сподели ја оваа статија