(Видео) Starship на Маск изведе нов лет, немаше напнат маневар, Трамп гледаше сè

Вчера вечер SpaceX го изведе шестиот пробен лет на својата ракета Starship, најмоќната ракета некогаш направена.

Starship беше лансиран од Starbase во Тексас во 23:00 часот по македонско време (17:00 часот по локално време), но сепак ништо слично на спектакуларното фаќање на Super Heavy засилувачот, како што видовме минатиот пат.

Денеска се очекуваше Super Heavy да изврши спектакуларно слетување, слично на она минатиот месец кога кулата „Мехазила“ на SpaceX го фати во воздух со џиновски механички краци.

Наместо во кулата, засилувачот Super Heavy заврши во Мексиканскиот залив, каде што нежно слета со контролирано палење на моторот.

Сè уште не е позната точната причина зошто фаќањето не е извршено, но SpaceX нагласи дека одлуката за обид за слетување ќе биде донесена врз основа на податоците собрани во реално време за време на летот.

Во меѓувреме, горното летало на Starship го продолжи своето патување во вселената.

Летот заврши во 00:06 часот по македонско време кога Starship слета во океанот.

Посебен интерес предизвика најавата дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, неговото семејство и Илон Маск ќе присуствуваат на лансирањето. Настанот е значаен и во контекст на новата улога на Маск во администрацијата на Трамп, каде што ќе претседава со панел за подобрување на ефикасноста на владата.

„Патувам во големата држава Тексас за да присуствувам на лансирањето на најголемиот објект, не само во вселената, туку воопшто од земјата. Среќно за Илон Маск и големите патриоти вклучени во овој неверојатен проект!“, порача Трамп преку неговата социјална мрежа.

Сподели ја оваа статија