Во БиХ пронајдена уште една жртва од поплавите, бројот на загинати се искачи на 24

Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) се искачи на 21.

Покрај 21 загинато лице во ХНК, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите.

Градоначалникот на Коњиц, Осман Ќатиќ, за сараевски „Аваз“ потврди дека 21-та жртва во ХНК е пронајдена во Бутуровиќ Поље.

Четири лица загинаа на подрачјето на Коњиц, а 17 од загинатите во поплавите се од Јабланица.

Според МВР на БиХ, се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, и по едно во Коњиц.

Сподели ја оваа статија