Босна и Херцеговина вчера беше погодена од катастрофални поплави и одрони, а досега е потврдена смртта на 17 лица.
Дневни аваз пишува дека во месноста Доња Јабланица во одрони загинале и брачна двојка, а спасувачите ги пронашле гушнати.
Тие известуваат дека на овој крај животот го загубиле уште еден брачен пар. Меѓу загинатите во Јабланица е и 29-годишна трудница.
Од 17 загинати, 13 се од областа Јабланица, а се уште се трага по десетици други.