Граѓани кај банките се задолжени со 245,2 милиони денари или 3,9 милијарди евра. Ова сума доминира во вкупниот износ од 9,2 милијарди евра кој банките го одобриле како кредити на граѓаните и компаниите, според податоците на Народната банка за октомври.
Долгот на граѓаните кон банките расте секој месец. Така во октомври тој пораснал за 9,2%.
И во октомври биле најбарани потрошувачките и станбените кредити кои на месечно ниво бележат незначителен раст од 0,9% односно 1,1%, но на годишна основа кај потрошувачките кредити растот изнесува 7,2%, додека кај станбените растот е од 11,3%.
Долгот на граѓаните по основ потрошувачки кредити во октомври порасна на 126,3 милиони денари (повеќе од 2 милијарди евра), а кај станбените кредити се искачи на 91,2 милиони денари.
Најголем годишен раст од 13,6% има кај автомобилските кредити, но износот на долгот е мал во однос на останатите кредити..
Во октомври пораснал и долгот на граѓаните преку кретитните картички и преку негативните салда.Кај кредитите одобрени на кредитни картички растот е од 0,2%, а кај негативните салда од 1,5%. На годишно ниво овие кредити бележат намалување од 8,5% ,односно 0,8%. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно зголемување од 0,4%, во услови на годишен пад од 16,1%.
Но граѓаните и во октомври штеделе. Според податоците на Народна банка, депозитите на граѓаните во овој месец се зголемиле за 11% и сега изнесуваат 6 милијарди евра. Заедно со компаниите тие чуваат повеќе од 9,2 милијарди евра во банките.