Фиорентина го победи Милан со 2:1 во неверојатен натпревар, кој ќе се паменти по три одбранети пенали, два во првиот дел и еден на почетокот на вториот дел.
Првиот пенал го одбрани голманот на гостите Мајк Мањан, другите два домашниот голман и Давид Де Хеа.
Во 20. минута, судијата Лука Паирето доби повик од ВАР собата поради спорна ситуација на работ од шеснаесетникот во која беа вклучени Додо од Фиорентина и играчот на Милан, Тео Ернандез.
Пеналот го изведе Мојс Кин, но Мањан излезе како победник, тој фати „жива топка“.
„Виолетовите“ тогаш не постигнаа гол, но постигнаа во 35. минута, а стрелец беше Јасин Адли, фудбалер на Милан испратен во Фиорентина на позајмица.
Екипата на Милан имаше одлична можност да израмни во судиското надополнување на првото полувреме, но Давид Де Хеа успеа да го „прочита“ Тео Хернадес и да го одбрани пеналот.
Во 56. минута нов подвиг на Де Хеа, му одбрани пенал на Тејми Ејбрахам.
Сепак, само четири минути подоцна не можеше ништо: Тео Ернандез асистираше, Кристијан Пулишиќ елегантно ја испрати зад грбот на Де Хеа за 1:1.
Во меѓувреме и двете екипи создадоа неколку добри ситуации, а во 73. минута Алберт Гудмундсон со прецизен удар повторно ја доведе Фиорентина во водство.
Натпреварот беше тензичен, во 85. минута црвен картон доби тренерот на Фиорнетина, Рафаеле Паладино, а на крајот црвендоби и капитенот на Милан, Тео Ернандез.
Милан по поразот е шести на табелата со 11 бодови, Фиорентина е на 11. место со бод помалку.
Во следното коло Фиорентина оди кај Лече, додека Милан го пречекува Удинезе.