Дачиќ: Денеска на распит ќе бидат повикани околу 20 луѓе за трагедијата што се случи во Нови Сад

Уште денеска на распит ќе бидат повикани околу 20 луѓе за трагедијата која се случи со уривањето на натстрешница од железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 14 лица, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој потенцираше дека полицијата и обвинителството веќе започнале да го истражуваат случајот.

Обвинителството презема дејствија, уште денеска ќе бидат сослушани 20 луѓе, почнувајќи од самиот врв, луѓе од надлежното министерство, од ЈП Железници и ќе биде разгледана документацијата која се однесува на градбата, изјави Дачиќ.

Во несреќата во Нови Сад загинаа 14 лица, меѓу кои и еден македонски државјанин. Во Србија е прогласен Ден на жалост, а во Нови Сад тридневна жалост.

Сподели ја оваа статија