Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
11 Октомври е меѓникот што ја одреди нашата сегашност и иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи, со што ја избравме вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото, цврсто решени да ги победиме окупаторите и да се избориме за слободна национална држава, пишува во соопштението од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.
Во честитката по повод празникот таа повикува да „се надминат меѓусебните делби и да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество“.