Девицата да изненади некој со убав гест, Бикот да се подготви за динамична недела

ОВЕН

Вториот ден од викендот за повеќето припадници на овој знак носи низа активности поврзани со детално планирање и разработка на нови бизнис идеи. Доколку околностите и времето дозволуваат, би можеле да се поправите на саканата личност со добро организиран состанок.

БИК

Би можеле да го посветите денот на подготовки за уште една доста динамична деловна недела. Имате иницијатива да направите конкретен чекор на љубовно поле.

БЛИЗНАЦИ

Немојте, како и обично, да се „растегнете“ во неколку правци истовремено и ќе постигнете се. Размислувате како пријатно да ја изненадите саканата личност, оставете ги критиките на страна.

РАК

Работите дома може да ви одземат многу време. Оставете си малку време за себе. Во љубовта, ќе спиете помирно ако ги споделите грижите и мислите со саканата личност.

ЛАВ

Првичната промена на претходно договорениот план ќе бара од вас да направите компромис при изнаоѓање на адекватно решение. Би можеле да се најдете во малку незавидна ситуација доколку не ги контролирате страстите поврзани со нова привлечна личност, без да ставите точка на претходниот љубовен период.

ДЕВИЦА

Ова е ден за одмор и релаксација, но и за размислување за детали и промени на полето на сопствената организација во наредниот период. Поволен момент е да ја изненадите саканата личност со убав гест.

ВАГА

Уживањето во вториот ден од викендот без некои поголеми обврски ќе им се допадне на повеќето луѓе припадници на овој знак. На љубовен план влегувате во фаза на конечно дефинирање на вашата врска, што бара сериозен и темелен разговор со саканата личност.

ШКОРПИЈА

Треба да се посветите на одмор, за да ја надоместите потрошената енергија и подготвени да ја дочекате следната деловна недела. Доколку сакате да внесете динамика во вашиот постоечки љубовен живот, преземете иницијатива и направете го првиот чекор.

СТРЕЛЕЦ

Сосема задоволителен ден, размислувате за кратко патување со пријателите. Уживајте. Можна средба на интересна личност, со која би можеле да поминете убави моменти во неврзан муабет.

ЈАРЕЦ

Искористете го денешниот ден за да се одморите од напорната работна недела која е зад вас, бидејќи ве очекува динамичен почеток на следната. Не сте сигурни дали сакате да промените нешто во моментот емотивно.

ВОДОЛИЈА

Релативно тивок втор ден од викендот за повеќето припадници на овој знак, за да ги наполнат батериите за следните деловни обврски. Нема навестување за важни промени на љубовно-емоционално ниво.

РИБИ

Се чувствувате енергично исцрпени, обидете се да го искористите овој ден за многу потребен одмор. Повик од некоја љубов од минатото може повторно да ги разгори вашите страсти, што и не е толку лошо.

Сподели ја оваа статија