Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествува на годишната Конференција за миграции во Виена посочи дека нашата земја активно се прилагодува на новата реалност преку развивање политики за управување со легалната миграција кои одговараат на демографските и економските потреби на земјата. Притоа, беше истакната и важноста од градење партнерства со земјите на потекло за развој на одржливи модели на работна мобилност, подобрување на системите за враќање и намалување на нерегуларната миграција.
Во разговорот беше подвлечено дека овие процеси се во согласност со европските иницијативи како што се Пактот за миграција и азил како и Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан, кои го потенцираат значењето на соработката со земјите на потекло во делот на мобилноста, развојот на вештини и управувањето со враќањето на мигрантите.
Беше нагласено дека Македонија, како и земјите од Западен Балкан, е дел од Европа и нејзините политики, а не простор надвор од нејзините граници. Во таа насока, нашата држава ниту размислува ниту поддржува идеи за отворање кампови за враќање на одбиени баратели на азил.