Димовски: Членство на Албанија до 2030 нема да има – членството на сите земји од Западен Балкан ќе се случи заедно

Одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, не е важно, бидејќи  дека сите земји од Западен Балкан заедно ќе влезат во ЕУ, смета поранешниот претеник Илија Димовски.

„Членството на Албанија во ЕУ во 2030 година нема да се случи. Да бидеме реални. Верувам дека членството на сите земји од Западен Балкан ќе се случи заедно. Мора да бидеме искрени дека нема расположение за проширување во ЕУ“, рече Димовски во „КликПлус“, на ТВ 21

Говорејќи околу уставните измени, Димовски вели:

„Предлогот за одложено отворање на уставот е оправдан. Иако нема дилема дека и Македонија да го отвори уставот, сепак ќе има проблеми, но мора да се погрижиме Бугарија да не ни прави повеќе проблеми“, рече Димовски.

Сподели ја оваа статија