Договорено: Пеп Гвардиола и следната сезона на клупата на Манчестер Сити

Пеп Гвардиола ќе остане во Манчестер сити уште еден година. Веста дека Шпанецот се договорил со клубот пренесе „Атлетик“, а потоа и останатите британски медиуми.

Гвардиола имаше договор со Манчестер сити до крајот на актуелната сезона, а пред еден месец запошнаа шпекулациите дека Гвардиола ќе остане.

„Атлетик“, повикувајќи се на свои извори, тврди дека во наредните денови се очекува официјализирање на новиот договор.

Она што дополнително ќе ги стопли срцата на навивачите на Сити е фактот што во новиот договор наводно има клаузула за можно продолжување на соработката за дополнителна сезона.

Гвардиола пристигна во Манчестер сити летото 2016 година. Оттогаш, тој освои шест титули во Премиер лигата и го предводеше тимот до титулата во Лигата на шампионите.

Сподели ја оваа статија