На новинарско прашање – како ги коментирате критиките од опозициските партии на албанците за укинувањето на балансерот, дека тоа било тежок удар врз меѓуетничката стабилност и дали ВМРО-ДПМНЕ го усогласи законското решение со ВРЕДИ за правична застапеност, на денешната прес конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, рече дека се надминува потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’.
-Таа во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Со објективни критериуми и постапки на отворен натпревар за избор на најдобриот кандидат, спроведени од професионалци во администрацијата кои поседуваат висок степен на стручност и интегритет, ќе се направи брана од политичкото влијание“, ова го пишува на страница 47 од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, донесена во време кога ДУИ беше владејачка партија, рече Лефков.
-ДУИ не изусти ниту збор, а на пак реакција за балансерот кога лани официјално беше промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) усвоена од владата со која тие управуваа и раководеа. Коментар за балансерот дадоа и од ЕК, кои кажаа дека паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор може да ги поткопа, во нивната примена, принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност и да влијаат на независноста на институциите при изборот на вработените според потребите, следејќи ги потребите за правична застапеност.
И ние јасно констатираме и се согласуваме со ЕК дека балансерот е злоупотребен. Што се однесува до Бадeнтерот, тој е уставна категорија. Рамноправната застапеност, треба да се реши со законски механизам, но факт е дека балансерот е злоупотребен. Нашиот став за балансерот го знаете од поодамна. Да тој е злоупотребен и тој е дел од скрининг процесот на ЕУ. И затоа кога испраќаме пораки не може да се однесуваме дека нешто што ни одговара во ред е, а тоа што не ни е да се однесуваме како мали деца, не може така, посочи Лефков.