Еве како беше уапсен Илир Мета (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, вчера е уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) на таа земја.

Уапсен е на влезот во Тирана додека се возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, а според последните информации, најверојатно е уапсен поради случајот со кој се поврзувал за корупција и одбивање да пријави имот, пренесува „Јуроњуз Албанија“.

Оваа вест ја потврди и поранешниот премиер Сали Бериша, кој рече дека станува збор за политичко апсење.

Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги извршија наредбите на албанскиот премиер Еди Рама, кој со сите средства политички, а можеби и физички се обиде да го елиминира Илир Мета. Еди Рама, како што во минатото осудував, е вмешан во исчезнување на лица на незаконски, противуставен начин – рече Бериша, пренесува медиумот.

Илир Мета претходно неколкупати беше повикан во Обвинителството од СПАК, поради случајот ЧЕЗ ДИА, кој се однесува на имотна истрага и лобирање.

Сподели ја оваа статија